- - -Rebelde- - -
Sakam da go slusnam vaseto mislenje i za najgledanata meksikanska serija "REBELDE"...Sto mislite za nea a?
- - -El Rostro de Analia- - -
Sto mislite za serijata "EL ROSTRO DE ANALIA"???
Vo serijata glavni li4nosti se Elizabeth Gutierrez i Martin Karpan...
eve sega ke doznaete malku poveke za ovaa serija:
Лицето на Аналија / Анали (шпански јазик: El Rostro de Analia) е американска теленовела. Во главните улоги се појавуваат Елизабет Гутиерез, Мартин Карпан, Марица Родригез и со специјално гостување на Габи Еспино. Серијата е напишана од венецуелскиот писател, Умберто “Кико” Оливиери, но исто така е и римејк на венецуелската теленовела Марија, Марија. Во САД, серијата со прикажување започна на 20 октомври.
Кај нас серијата се емитува на Сител Телевизија.
Во оваа интригантна приказна, за амбиција, одмазда и да се испреплетат во светот на злосторствата и да се кова завера против Маријана Андраде (Габи Еспино), млада и успешна бизнисменка која открива дека нејзиниот маж има афера со нејзината братучетка Сара (Марица Родригез). Сара е убава, амбициозна и опасна жена вплеткана во мафија со дрога, која е неспособна за ништо друго освен за убиства како би го добила тоа што го сака.
Кога Маријана ја открива страшната вистина, таа ја напушта куќата и заминува, а средба лице во лице со жената која е пратена да ја убие неа. После атентатот на својот живот и автомобилската несреќа која и го остава лицето променето засекогаш. Еден научник ја пронаоѓа Маријана кој несвесно и го реконструира лицето во крива слика, која засекогаш ќе го замени текот на нејзиниот живот. Таа не може да се сети на ништо од своето минато, и сега е со лицето на Аналија (Елизабет Родригез), жената која се обидела да ја убие неа. Маријана е присилена да го живее животот во темнина на нејзиниот убиец. Во тој момент таа ќе живее двоен живот за борбата помеѓу љубовта и нејзината желба за одмазда. На крајот таа ќе биде присилена да одлучи ако може да прости, како би ја пронашла среќата дури и ако таа има прифаќање да живее во сенка на Аналија.
- - -Cuidado con el angel- - -
A sto mislite za serijata"CUIDADO CON EL ANGEL"vo koja glavnite li4nosti se Maite Peronni i William Levy...ke doznaete podolu poveke za ovaa prekarasna serija...
Внимателно со ангелот (шпански јазик: Cuidado con el Angel) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на теленовелата (Една девојка наречена Милагрос) од 1975 год. Во главните улоги се појавуваат Мајте Перони од популарната серија Бунтовници, Вилијам Леви, Лаура Запата и др. познати актери. Серијата во Мексико уште од самиот почеток бележи огромни успеси во нејзиниот термин кој е слабо гледан. Но можно е серијата да биде преместена во вечерен термин поради големиот успех.
Кога се раѓа Маричуј, нејзината мајка, мислејќи на прагот на смртта, ја дава нејзината ќерка на свештеникот кој ја праќа во сиропиталиште. На 14 години, Маричуј бега од сиропиталиштето, и почнува да краде само да го преживее животот. Поминуваат годините и таа е фатена од еден пијаница, кој ја прави да се чувствува огорчена кон мажите и да пати од кошмари кои ја мачат. Канделарија, домаќинка, ја пронаоѓа и ја зема кај неа, како нејзина мајка. Маричуј работи се што може, само да и помогне на Канделарија. Еден ден се заплетува во каша, за која оди кон една делегација, која е на нејзиниот татко (и двајцата без да ја знаат нивната врска), и заштитени од Хуан Мигел Сан Роман, еден психолог. За девојчето да не оди во затвор, Хуан Мигел, кој е одговорен за неа ја води во неговата куќа. Хуан Мигел е вдовец и мајка му прави се само да и биде лошо во животот на Маричуј. За да ги избегне проблемите, Хуан Мигел ја носи да живее во домот на судијата Патрил Веларде и неговата сопруга Сесилија (вистинските родители на Маричуј), кои ја посвоиле Естефанија, веднаш по напуштањето на нивната ќерка т.е Маричуј. Хуан Мигел и Маричуј се заљубуваат и се венчаат. Без разлика, следниот ден после венчавката, таа открива една голема тајна од минатото на Хуан Мигел, поради што го презира, се разделува од него и не сака повеќе да го види. Кога дознава дека е бремена, Маричуј не сака да му каже и оди во провинцијата со Канделарија, но прифаќа да замине кај Леопардо, кој е заљубен во неа. Маричуј се породува и Леопардо прифаќа да се ожени со неа и да го прифати нејзиниот син, но таа вели дека е венчана и дека она што го чувствува кон него е само пријателство. Леопардо не се откажува и се обидува да ја добие љубовта на Маричуј. Најпосле, тој дознава дека Маричуј е омажена за Хуан Мигел, кој го познава од многу одамна, уште кога биле пријатели на факултет. Двајцата се борат за нејзината љубов, но за неа, одлуката нема да биде лесна.