- - -Casi angeles- - -
Ангели (шпански: Casi Angeles) е аргентинска тинејџерска теленовела. Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имала на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех била најавена и втората сезона која започнала неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломео и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од моменталниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти во Аргентина.
Прва сезона:
Првата сезона ги претставува најосновните односи на ликовите. Се запознавме со Сијело Магико, која поради игри на судбината се вработува како слугинка во една куќа. Каде поради сплет на околностите, го запознава младиот и згоден археолог Николас Бауер. Кој претставува нејзин главен љубовен интерес. Дејството во поголем дел се центрира околу злите планови на сопствениците на куќата, Бартоломеј „Барто“ Бедоја Агуеро и неговата верна помошничка и подоцна љубовничка Хустина Гарсија.
Двајцата во очите на народот водат дом за деца, кои ги третираат одлично, додека скришум ги малтретираат, злоупотребуваат и експлотираат, изложувајќи ги на тежок уличен живот и кражба. Четири од децата се тинејџери и тоа: Маријанела, Рама, Тачо и Јасмин. Мар претставува млада девојка која вљубена во синот на Бартоломеј, Тијаго не ја забележува љубовата од Рама. Рама е младо момче кое заедно со својата помлада сестра Алели се обидува да живее нормален живот, несреќно вљубен во Мар. Тачо е најцврстото и најсилното дете од сите деца и е вљубен во Јасмин. Јасмин пак од друга страна е циганка која е доста суеверна и секогаш подготвена на разни цигански игри и ритуали, која е ставена во средина на љубовен триаголник од Тачо и младиот богаташ од соседството Начо.
Меѓудругото најважни работи во оваа сезона претставуваат, обидите на Барто и Хустина да Сијело не ја открие вистината за своето потекло, ниту пак својата скриена сестра во подрумот на куќата за која дури ниту Барто не знае. Малвина сестрата на Барто претставува главна пречка помеѓу Сијело и Николас, заедно со штотуку дојдениот археолог во соседтвото Марк, која подоцна служи како главен антагонист во серијата после Барто, со откривањето на својот вистински идентитет Ибралусија.
Втора сезона
Сезоната започнува три месеци по настаните од првата сезона. Женскиот протагонист Сијело која претходно беше абсорбирана од куќниот часовник, е мистериозно исчезната, а всушност е во влезена во нова димензија каде го запознава Тик-Так така наречениот ангел чувар. Кој ја подготвува за понатамошните опасности, кои во тоа време не се откриени.
Николас Бауер по загубата на Сијело решава да ги пронајде исчезнатите Малвина и Кристобал, со што ангажира специјален тим со кој ги бараат насекаде. Незнаејќи дека се загубени во шумата во која тимот се наоѓа. Николас по патот да ги пронајде наидува на свој далечен пријател Салвадор со чија помош ја продолжува потрагата. На крајот ги наоѓа токму навреме кога Малвина добива породилни болки, и Николас и помага во пораѓањето со што на свет ја донесува својата ќерка Есперанса.
Во меѓувреме во куќата која сега е под раководство на Николас, е целосно трансформирана во вистинско весело место со помош на Фелиситас, која решава да остане да живее во куќата. Истовремено Тијаго, Мар, Јасмин и Тачо со новото училиште се на одмор на кој му се ближи крајот. Таму нивните врски се ставени на тест, некои од нив откриваат и нови љубовни интереси, а се раѓаат и ривалства.
Како главен антагонист во првата половина од сезоната се појавува Франка. Мистериозна и бестрашна, но прекрасна млада девојка која привлечена од неодамнешните електромагнетски полиња околку куќата на Сијело решава да се пресели во поранешната куќа на Николас Бауер. Таа тајно работи за скришна организација позната под името „CC“. Заедно со својот помошник Лука кој го тера да се влезе во куќата како уште еден невин бездомник малку помалку вградува импланти на секој од децата. Уште од првата епизода тајната корпорација ја киднапира Фелиситас за време на нејзината посета на својата сестра Хустина и ја става во затвор на местото на Хустина и обратно. Со што Хустина преправена во Фели навлегува во куќата и почнува да соработува со Франка.
По потребното обучување на Сијело, таа се наоѓа сама и напуштена повторно во нормалата и го запознава Салвадор, пријателот на Николас, со кој развива цврста врска која завршува со брак на кој конечно Николас открива дека жената со која Салвадор се жени е исчезната Сијело која не покажува знаци дека воопшто памети некој од својот минат живот. Николас неможејќи да се сноси со загубата на Сијело (пред да дознае каде е) се препушта на страста и започнува врска со својата соседка Франка. Која почнува да манипулира со него.
Дејството кулминира во средината на сезона каде Франка е разоткриена и е откриено дека над неа постои посилен човек кој раководи со целата корпорација под името Хуан Круз. Од овој момент па натаму се редат низа настани поврзани со Хуан, кои конечно доведуваат до неговото разоткривање и финална пресметка помеѓу него и Тијаго, кој всушност излегува негов син.
Меѓу гореспоменатите настани помеѓу помладите улоги се раѓаат нови врски и ривалство. Исто така се преставени и нови ликови во оваа сезона. Симон, младо и чесно момче кое се вљубува во Мар, но претходно започнувајќи пријателство со Тијаго што доведува до љубовен триаголник. Мелоди, за која Мар дознава дека е всушност девојката со која Тијаго имал летна авантура, се појавува во градот и решава да ја обнови својата врска со Тијаго, што создава уште еден тираголник. Набргу Мар и Тијаго ги прекинуваат своите врски и започнуваат заедничка врска со таа цел повеќе да не страдаат. Ова доведува до одалечување на Симон од останатите и до зблжување на Мелоди со Тефи и останти ученици од средното училиште.
Меѓу овие ликови воведени се и други ликови меѓу кои: Каридад, Валерија, Мат, Чарли, Кендра и др. Каридад е млада девојка од провинција која се вселува во куќата. Валерија е девојка која служи како љубовен интерес на Рама која исто така се вселува во домот. Мат служи како љубовен интерес на Јасмин на почетокот од сезоната. Чарли претставува уште еден член на корпорацијата „CC“, кој и помага на Франка, а подоцна и и ја зазема и нејзината позиција, и Кендра која е воведена во средината на сезоната и се претставува како мајката на Тијаго, која боледува од тешка болест, скришум работејќи за Хуан Круз.
Кога ке по4не третата сезона ке имате информации и за неа....
Veronika [Odgovori]
CAsi angeles e najdobra serija do sega sto sum ja gledala ama toa ne znaci deka nema ubavi serii i deka nema da ispadnata mene isto taka mi se dopaca i filmot koj bese na sitel Tv ama zavrsi se vikase LA TORMENTA ... i takaa Casi Angeles napred pozdrav od vasata o0bozavatelak
Comment by
veronika
(07/13/2009 20:30)
tefi [Odgovori]
tefi i luka se najubavi i najveke gi sakam
Comment by
gabriela
(10/18/2009 18:46)
serija [Odgovori]
NAJUBAVATA SERIJA E CASI ANGELES NEMAM COMENTAR ZA MOITE RODNINI NEKOI OD CASI ANGELES SE MI RODNINI NO GI SAKAM SITE VE LLOFKAM
Comment by
TAMAR4E
(12/30/2009 16:40)
TOKSIKOLOGIJANLNL [Odgovori]
SAMO LEKA GO POSTUEM NAJBOLE E I SERIJATA E DOBRA
Comment by
NOVOLISICEBUDALOOO
(03/02/2010 18:29)
Стоматология в Москве [Odgovori]
Стоматология в Москве
https://americandental.ru/
Нам доверяют многие.Комплексный подход. Гарантия качества. Быстрое лечение. Услуги: Правильный прикус, Отбеливание, Восстановление зубов.
americandental.ru
Comment by
Aellyoreva
(11/29/2021 14:01)
Интернет магазин в России [Odgovori]
Интернет магазин в России!
https://bestledies.ru/
Интернет магазин в России!Нам доверяют многие.Комплексный подход. Гарантия качества.
https://bestledies.ru/ Мы ждем на нашем сайте Вас! Удачных покупок )
Comment by
Aanaoreva
(12/02/2021 02:59)
Стоматология в Москвe eвропейские матрериалы [Odgovori]
Стоматология в Москвe
https://soyfer.ru/
Центр профессиональной стоматологии - услуги платной стоматологии и лицевой хирургии в Москве
soyfer.ru
Comment by
Ajjllyoreva
(12/15/2021 22:32)